22 December, 2021

Јано мори, Јано леле, севдалино

 


Јано мори, Јано леле, севдалино

- Јано мори, Јано леле, севдалино,
моја росна, Јано мори, детелино.
Ај, моја росна, Јано мори, детелино.

Поминуваш, Јано мори, заминуваш,
нит' ми збориш, Јано мори, нит' се смееш.
Ај, нит' ми збориш, Јано мори, нит' се смееш.

Те прашает, Јано мори, мајсторине,
шо им готвиш, Јано мори, за вечера.
Ај, што им готвиш, Јано мори, за вечера.

- Кад баница бегу море, ил' кокошка,
оваа вечер, бегу море, рудо јагне.
Ај, од две мајки, бегу море, задоено.

08 December, 2021

Македонскиот грб од 1844 година

 

Македонскиот грб од 1844 година


Македонскиот грб во црквата на Рилскиот Манастир од 1844 година. Рилскиот манастир во ХIV век се наоѓал во феудалниот посед на Реља Охмухчевиќ кој бил вазал на српскиот цар Душан.
Во периодот од 1844-1846 год. со султански ферман се дозволила обнова на манастирот во која учествувале Македонски живописци од “разлошката“ и “самоковската“ школа водејќи се од стематографијата на Жефаровиќ. Па така северниот дел од иконостасот, на порталот се зографирани четири грба: Српскиот, Бугарскиот, Босанскиот и Македонскиот.
Сите грбови се прикажани токму онака и во оние бои како што се прикажани во Стематографијата на Жефаровиќ.

20 години македонска независност Aegean Macedonia 13-89 Alexander III of Macedon Ancient Heritage Australian newspapers Badges Biography Books Cairns Post Cleopatra Coat of arms Codification of the Macedonian language Colonist Docstoc Documentary eBooks Evening Post Exodus of the Macedonians Flags

Alexander the Great, Macedonian king

"Alexander the Great, Macedonian king", mentioned in the newspaper "Hrvatski planinar", No. 9 & 10, from 1903.

„Александар Велики, крал македонски“ (...Aleksandru Velikom, kralu makedonskom...) спомнат во 1903 година во загребскиот весник „Хрватски планинар“, орган на „Хрватското планинарско друштво“ од Загреб.

Hrvatski planinar, br. 9 i 10

Александар Велики - по смртта

Империјата по Александровата смрт

По Александровата смрт бидејќи тој не оставил возрасен наследник веднаш започнала борбата за власт која траела дваесетина години. Неговите генерали го посиниле малоумниот син на Филип II, Аридеј и постхумниот син на Александар III од Роксана, Александар IV, и помеѓу себе ја поделиле империјата на повеќе сатрапии со кои што владееле.

На чело на Александровата империјата застанал Пердика како регент наместо двајцата наследници, но со не многу дефинирана позиција. Во 322 година пне тој бил убиен. По ова на чело на империјата застанал Антипатер.

Во 319 година пне, по смртта на Антипатер, за нов регент наместо Александар IV била повикана неговата баба Олимпија. Таа оваа функција ја извршувала се до 317 година пне кога од Касандар за нов крал на Македонија бил поставен Аридеј. По ова Олимпија го убила Аридеј, неговата сопруга и братот на Касандар. Како одговор Касандар ја пресретнал Олимпија во Пидна, во 316 година пне и била осудена на смрт од неговите војници. Империјата била силно разбранувана и како таква не можела да опстои. Во 310/309 година пне бил убиен Александар IV, а и неговата мајка Роксана.

Иако наследниците биле убиени, Касандар сепак станал крал на Македонија дури во 305 година пне, а владеел се до 297 година пне. По смртта на Касандар Македонија влегла во граѓанска војна.

Александар Велики - смртта

Смртта на Александар

Александар во главниот град на својата огромна империја, Вавилон почувствувал дека е опкружен од непријатели, а најмногу се плашел од синовите на Антипатер: Јол и Касандар. Овде тој присуствувал на многу пијанки што придонело да се разболе. Десет дена подоцна во приквечерието на 13 јуни 323 година пне, во 33тата година од својот живот, Александар починал. Целата Македонска војска тогаш поминала покрај мртвото тело на својот крал и голем војсководец.















La mort d'Alexandre; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.






















La mort d'Alexandre; Franceschini Baldassare (1611-1689), il Volterrano (dit);Paris, musée du Louvre, D.A.G.

Во тоа време се појавил и сомнеж дека Александар бил отруен, така што мајка му Олимпија наредила да се убијат мнозина. Најголем сомнеж паднал на Јол за кој што се мислело дека го подготвил отровот. Во истрагата за ова пет години подоцна биле откопани неговите останки. Некои пак тврделе дека зад сево ова стои Аристотел кој што го набавил отровот, па преку Антипатар стигнал до Јол.

Кога Александар умрел, Роксана носела негов син и била особено почитувана, а неговата друга жена Статира била убиена токму од неа.

Александар Велики - консолидирање

Консолидирање на империјата

Поради тоа што многу сатрапи со одметнале од Александровата власт, погрешно наслушуваќи дека тој нема да се врати, Александар не му се придружил на Неарх, туку патувал по копно. Во периодот помеѓу 326 и 324 година пне, една третина од сатрапите биле сменети, а шестмина биле убиени. Тој дознал и дека Кировиот гроб бил раскопан и наредил да се фатат виновниците и да се напише: "О човеку кој и да си и од каде и да си - зошто ќе дојдеш, тоа го знам - Јас сум Кир, кој на Персијците им извојував власт затоа не земај ми го ова парче земја, кое што го покрива моето тело." Овие зборови оставиле длабок печат кај Александар затоа што сфатил дека се е минливо.

Во пролетта 324 година пне, Александар се вратил во Суса. По пат организирал натпревар во пиење, но за несреќа и оној кој што победил, а и мнозина други се разболеле од треска и набргу умреле. Таму тој дознал дека Харпал побегнал со неговите пари во Грција. Подоцна Харпал бил уапсен во Атина, но побегнал во Крит кадешто загинал. Во Суса Александар организирал свадба за изедначување на победниците и покорените народи при што 10 000 Македонски војници се ожениле со Персиски девојки, а Александар се оженил со Дариевата ќерка Статира. Овој настан бил наречен "Свадба на Европа со Азија". Со ова јасно се покажува дека Александар сакал да изгради светска држава на рамноправни народи.

Политиката на изедначување на народите не предизвикало воодушевување кај Македонците, но затоа пак Персијците многу го ценеле ова. Александар во својата војска зел 30 000 персијски момчиња кои што го изучувале неговиот начин на војување, а кога стигнале во Опис голем дел од Македонската војска бил пратен назад во родните краишта. Ова уште повеќе ги разгневило Македонците така што тие почнале многу да го критикуваат нивниот крал.

Овде била организирана и прослава за одбележување на крајот на Македонско-персиските несогласувања во која присуствувале 9 000 гости. Бидејки Александар се разжалостил кога видел дека неговите Македонци се почуствувале навредени и запоставени им дал богати дарови и ги испратил на што и самите тие биле задоволни. По долгогодишниот поход 10 000 ветерани заминале во Македонија.

Александар сакал да го замени Антипатер со Кратер, но тој умрел пред ова да се случи. Во есента 324 година пне во Ектабана, умрел и неговиот друг пријател Хефестион. Тој него многу го почитувал па затоа му направил величествен закоп во Вавилон кој што чинел 10 000 таланти и наредил да му се принесуваат жртви. Како жртва за Хефестион, во зимата 324 година пне Александар убил мнозина луѓе од племето Косејци.

Кога Александар се движел кон Вавилон во пролетта 323 година пне, на реката Еуфрат го пристигнал Неарх кој му рекол дека сретнал некои Халдејци кои порачале да му каже на кралот да не оди во Вавилон. Александар на ова не обрнал големо внимание.

Александар Велики - враќање

Враќањето назад

Македонската војска била исцрпена од последната битка, од долгото лутање по непознатите краишта и преку Коен побарала да се вратат назад. Александар се почувствувал изневерен и многу се натажил оти нема да може да продолжи понатаму, но сепак ја почитувал нивната желба.

Пред враќање, Александар наредил во Хифас да се изградат 12 олтари за дванаесетте Олимписки богови, а на Хидасп биле изградени од 800 до 1 000 бродови. На враќањето назад Македонците се движеле по Петоречието со бродови, а половина од војската по крајбрежјето. Ниту ова патување не било без борба. Тие по пат покорувале многу градови но кога стигнале во градот на Малијците на брегот на реката Хидраот, Александар за малку не ја загубил главата. Кога тој почнал да се качува по скалата за да влезе во тврдината таа се скршила и тој паднал на земја каде што собрани биле многу Малијци. Тие почнале да го рануваат Александар со копјата, а потоа една стрела го погодила и му го пробила оклопот. Сепак со крајни напори на неговите пријатели и лекарите, Александар успеал да преживее.

Пловидбата низ петоречието траела седум месеци. Кога пристигнале во Патала, Македонската војска се поделила на два дела; Едниот дел бил командуван од Неарх и се движел по Индиското море, а другиот во кој бил и Александар се движел по копно.
Во земјата на Ориѓаните, Александровата војска ја снашла голема несреќа.

Сиромашната храна и болестите биле причина за смрта на многу војници, така што од војската не останала ниту една четвртина. Во септември 325 год пне Александар поминал низ Гедросија. Таму војската се одморила и добила храна во изобилие за што се погрижиле околните сатрапи. Потоа се упатил за Карманија и истата ја минал за седум дни. Таму во Александрија се сретнал и со Неарх кој што му соопштил дека и тој претрпел загуби. Александар сакал дури и да продолжи со него, но поради немирите во покраините до тоа не дошло.

Александар Велики - Индија

Инвазијата врз Индија

Во раното лето во 327 година пне, Александар ја напуштил Бактрија и со засилена армија се упатил кон Индија. Тие поминале низ Хинду Куш, а потоа дел од неговата армија командувана од Пердика и Хефестион поминала низ преминот Кубер, а Александар се упатил кон северните планини. Тој брзо напредувал и откако го освоил Аорнос тргнал кон Сват и Кандахара кои што исто така за кратко време ги освоил.

Во пролетта 326 година пне влегле во Таксилија и се соочиле со нејзиниот владетел Таксил. Место војска таму ги пречекал кралот лично и откако се поздравил со Александар му рекол дека нема потреба да се бори со него затоа што ако има повеќе леб ќе го подели со него, а ако не нема да се срами да прими. Кога го слушнал ова Александар се изненадил и му рекол дека и покрај мудрите зборови тој сепак нема да помине без битка, туку ќе мора се натпреварува со него во правење добри дела и му подарил 100 000 таланти со што ја добил битката.

По ова Александар се соочил со многу повоинствениот владетел Пор. Бидејки непријателската армија била на спротивната страна на реката Хидасп, Александар зел дел од својата пешадија и најдобрата коњаница и тргнал по течението на реката. Ноќното небо било многу облачно, почнало да врне и да трештат молњи, па преминувањето на Хидасп не било лесно, а некои војници дури и загинале од молњите. Откако ја преминале реката, Александар со својата коњаница се оддалечил дваесетина километри од пешадијата, а кога слушнал за ова Пор веднаш го нападнал. Битката траела десет часа, но на крајот Александар сепак победил. Непријателот ја имал таа предност што кога ќе почувствувал опасност можел да се скрие на средината на слонот, а Поровиот слон бил толку умен што и тоj самиот се борел против Македонците.















La Bataille de Porus (ou Poros, roi du Panjab); Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.














Alexandre et Porus ou La Défaite de Porus; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.










Alexandre et Porus; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre















Александар го победува кралот Пор (Alexander defeats King Porus in single combat) West Flanders; c. 1325-1335

Откако го заробил Пор, Александар го поставил за негов сатрап на земјата со која владеел, а згора на тоа под негова власт му се доделиле и уште неколку градови. На другите места за сатрап бил поставен Филип. Во Индија, македонската војска претрпела големи загуби. За разлика од Персија каде што угнетените луѓе го дочекале Александар како ослободител, во Индија слободољубивиот народ дал силен отпор.

Во јуни истата година Александар ја извојувал својата последна голема победа на левиот брег на реката Хидасп. Таму му умрел коњот Букефал, кој што бил стар 30 години. Набргу потоа Александар изградил град и во негова чест го нарекол Букефалија. Подоцна кога му пцовисало кучето Перита изградил град и во негова чест, а за да ја означи оваа победа го изградил градот Никеја.

Александар Велики - Азија

Походот кон централна Азија

Откако Александар седнал на Дариевиот престол својот поход го продолжил кон централна Азија. Поголемиот дел од војската го оставил, а со себе зел 20 000 војници пешадија и 3 000 коњаника. Тој поминал низ планината Елбурз и стигнал до брегот на Каспиското езеро каде што ги освоиле градовите Задракарта и Хирканија. Овде му се предале група од сатрапи и персиски благородници.

Во овие краишта некои варвари ги нападнале Александравите војници и меѓу другото го украле неговиот коњ Букефал. Кога Александар разбрал за ова се разбеснил и се заканил дека ќе ги испотепа сите сосе жени и деца, но набргу се смирил откако Букефал му бил вратен.

По ова продолжилe низ Партија кон запад и ги покориле Маердите, планински луѓе кои што живееле на планината Елбурз, а во Ариа ги покориле Сатибарзаните и ја изградиле Арианска Александрија.

Потоа Александар со својата војска тргнал јужно и ја покориле и Фрага во Дрангиана, но таму повеќе несреќи одошто радост ги снашло Македонците. Филиота бил најомилен кај Македонците по Александар. Исто како и неговиот крал така и тој ги опсипувал луѓето со подароци што не доликувало на обичен човек. Кога Александровата армија ја освоила Киликија, Филота задржал за себе една убава девојка по име Антигона. Тој често го минувал времето со неа и постојано и се фалел дека сите места што Македонците ги освоиле се по негова заслуга и по заслуга на неговиот татко Парменион и при тоа го навредувал Александар нарекувајки го копиле. Александар дознал за ова и иако имал доволно докази против него сепак ништо не презел но на Антигона и наредил да го известува за сè.

Некој Македонец по име Лимно ковал заговор против Александар и сакал да придобие некое момче да му биде соучесник, но тоа не само што не сакало, туку и веднаш отишло да го извести Александар за ова. Откако побарал Филота да му каже на Александар дека сака да го извести за нешто и откако овој повеќе пати го одбил, момчето се посомневало во него и преку друг Александров пријател било примено кај него. Откако го известил кралот дека Лимно кова заговор против него и му го кажал однесувањето на Филота, Александар веднаш пратил некој војник да го фати Лимно, но бидејки тој се спротивставил бил убиен. Александар не бил задоволен од ова оти не можел да докаже дека и Филота учествувал во заговорот, но разгневената војска сепак го фатила Филота и откако го осудила тој бил убиен. Александар пак веднаш пратил свои луѓе во Медија со наредба да го убијат Парменион.

Од Фрага во зимата 330-329 година пне, Александар ја поминал реката Хелманд, преку Арахосија стигнал во Паропамисад која ја покорил и во неа основал уште еден град Александрија.

За ова време Бесо престојувал во Бактрија каде сакал да крене востание против Александар и си го присвоил називот голем крал. Бидејки македонската армија немала доволно храна се насочиле кон Драпаска. Бесо се дал во бегство кога чул за ова и отишол дури зад Оксус. Македонците продолжиле и понатаму кон запад до Бактрија и Ариа каде што наименувале верни сатрапи. Генералот Птоломеј бил пратен да го гони Бесо и откако го фатил го однел во Бактрија. Каде што според персиските обичаи му биле исечени обете уши и носот, а потоа бил расчеречен меѓу две стебла во Ектабана.

Од Мараканда, Александар ги освоил сите места сè до Кирополис, а ја поминал и реката Орексарта каде што ги победил Скитските номади со употреба на катапулти, па потоа ги бркал стотина километри.

За време на престојот во Мараканда се случил уште еден немил настан. На една пијанка некои Македонци почнале да пеат песни со кои ги исмејувале Македонците кои пред неколку дни претрпеле пораз од Персијците. На ова најмногу се налутил Клито многу близок Александров пријател, но откако кралот му рекол дека не треба да се лути затоа што и тој е страшливец во борбата, Клито пламнал од гнев и почнал и нему да му вика дека ако не бил тој, Спитридат уште на Херонеја ќе му ја скинел главата по што Александар што пијан, а што навреден го зел копјето и во градите го прободел својот пријател. Откако увидел што сторил го извлекол копјето од мртвото тело и го свртел кон себе да се убие, но пријателите го спречиле во ова.

Во меѓувреме Спитаменес ја кренал цела Согдиана во буна против него. Александар ги покорил во есента 328 година пне и го продолжил походот. Подоцна истата година го нападнал Оксиарт и останатите барони кои се биле сокриле во ридиштата во Параетацен. Александар бргу ги ставил под своја власт, а во знак на смирување во 327 година пне се оженил со ќерката на Оксиарт, Роксана, а и некои други Македонци се ожениле со тамошни девојки.

Hyménée, l'Amour et Alexandre offrant la couronne à Roxane; Vincidor Tommaso di Andrea (?-vers 1536); Paris, musée du Louvre, D.A.G.

По ова Александровата армија се упатила кон Бактрија каде што тој и јавно почнал да носи персиска кралска облека. Овде тој почнал да се однесува како бог што на Македонците не им се допаднало, а и Калистен одбил да му се покорува. Подоцна Калистен бил убиен или умрел во затвор, бидејки бил обвинет дека поттикнал три момчиња да го убијат Александар.

Набргу потоа Демарат дошол да го посети Александар и кога го видел многу се израдувал што рекол дека од голема радост се лишени оние кои што умреле пред да го видат Александар како седи на Дариевиот престол. Некој ден по ова стариот Демарат починал, а Александар толку многу се растажил што наредил да му се направи огромна могила.

Александар Велики - Вавилонија...

Освојувањето на Вавилонија, Персида и Медија

По ова во истата година, Александар го окупирал градот Вавилон, а и целата провинција Вавилонија. Мазеј кој се борел од страната на Дариј во битката кај Гавгамела, мудро се предал и бил поставен за сатрап, но воената власт била под македонски командант. На Мазеј дури и му било дозволено да кова пари. Александар останал таму еден месец, а потоа отишол во главниот град на Елам, Суса, кој што веќе бил покорен од Филоксен.

















Entrée d'Alexandre à Babylone; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.















Entrée d'Alexandre le Grand dans Babylone ou Le triomphe d'Alexandre; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre

Во овој град биле запленети 50 000 златни таланти. Потоа тргнале кон исток, поминале преку планината Заргос и со помош на еден сатрап навлегле во Персида. Иако теренот бил обраснат со шума, војската на Александар сепак ги освоила Персеполис и Пасаргада во покраината Персида во 331 година пне. Во Персеполис заплениле околу 50 000 таланти, а за транспорт на останатите запленети предмети употребиле 10 000 маски и 5 000 камили.

Еднаш Александар присуствувал на една пијанка и наговорен од Таида, а и малку поднапиен во знак на одмаздата врз Ксеркс кој што некогаш ја запалил Атина, ја запалил неговата палата. Како и да е тој набргу се покајал и палатата била изгасната.
Во пролетта 330 походот продолжил кон север, кон Медија, при што бил окупиран и главниот град Ектабана. Пред да ја продолжи потрагата по Дариј, богатството му го доверил на Харпал, кого го именувал за главен ризничар во Ектабана.

Бидејќи Александар бил дарежлив и ги опсипувал војниците со разни нешта, тие станале мрзеливи и наместо да се борат повеќе сакале да уживаат во раскошниот живот. Ова многу го налутило Александар и покрај тоа што многу ги советувал, а и со самопожртвуваност и челичење на телото им докажувал дека е поважно да се биде силен одошто да се живее во раскош. Затоа што и Персија ја освоиле на тој начин, а Персијците пак загубиле затоа што премногу му се препуштиле на раскошот кој што им напакостил.

Кога Александар слушнал дека Бесо го заробил Дариј, Тесалијците и останатиот дел од војската на Елинските држави ги пратил назад во Елада со што почнал да води лична војна. Со назначувањето на Мазеј за сатрап тој ја изменил филозофијата за својата држава и сега ја базирал врз еднаквоста на сите луѓе. Потрагата по Дариј била мачна и исцрпувачка. За единаесет дни Александар со дел од својата македонска војска морал да помине околу 3 300 километри. Неговата војска, а и тој самиот биле преморени од патот и од сувото време. Кога некои патници му понудиле вода тој одбил затоа што така ќе им го скршел моралот на другите војници.

Конечно на видикот се појавила Персиска војска. Тие биле убедени дека со нив е и Дариј, но додека Александар и останатите од неговата придружба ги бркале Персијците, Полистрат го забележал него како лежи во една кола целиот прободен со стрели. Откако се напил вода и откако се созел, му рекол на Полистрат дека поголема несреќа од оваа, оти не ќе може да му се заблагодари на Александар за добротата што ја покажал кон неговото семејство, не можела да го снајде. Пред да дојде Александар, тој испуштил душа.

Кога Александар стигнал до мртвото тело на Дариј го покрил, а потоа ја викнал мајка му и брат му Ексатар, кој му станал доживотен пријател на Александар. Потоа бил направен величествен закоп.
















 
Triomphe d'Alexandre le Grand; Moreau Gustave (1826-1898); Paris, musée Gustave Moreau

По смртта на Дариј, Александар се прогласил за господар на Азија т.е. на Персија во 330 година пне.

Александар Велики - Гавгамела

Битката кај Гавгамела

Во јули 331 година пне, Александар пристигнал во Тапсакус на реката Еуфрат. Наместо да го продолжи походот по течението на Еуфрат до Вавилон тој со својата војска отишол во северна Месопотамија пред реката Тигар. Кога Дариј слушнал за ова се подготвил и со милионска војска тргнал да му се спротивстави.

Додека Александар со Аристандар принесувале жртва на богот Фобос, Персијците поставиле логор во нивна близина, од каде што во секој миг биле подготвени за напад. Иако Македонците во тоа време се одморале, тие сепак ги забележале непријателите кои својот камп го осветлувале со фаќели. Уплашен од ова Парменион, а и останатите Македонци го молеле и советувале Александар што побрзо да тргнат во напад и тоа ноќе затоа што не верувале дека дење ќе успеат да го победат помногубројниот непријател. Александар пак не ги послушал и уште им рекол дека тој не ја краде победата, затоа што доколку Дариј ја изгуби битката тој сета вина ќе ја префрли на темнината. По ова Александар си легнал и сета ноќ ја минал во длабок сон. Кога Парминион, во утринските часови едвај успеал да го разбудил го запрашал како може толку убаво да спие, небаре победиле, а Александар самоуверено му одговорил дека доволна победа е тоа што нема да мора повеќе да го бркаат Дариј.

Оваа битка се одиграла кај Гавгамела кон крајот на септември и почетокот на октомври истата година. Уште на почетокот војската на Александар успеала да натера еден дел од персијската војска во бегство. Дариј бил во средината на својата војска обиколен од коњаница составена главно од благородници. Бидејќи непријателската војска премногу се доближила до него, а гледајќи како неговата војска гине под тркалата, Дариј се уплашил и неможејќи да ја сврти својата кочија, јавнал една кобила и со неа побегнал. Александар тргнал со дел од војската да го гони, но бидејќи некои Персијци сè уште не побегнале и се бореле со Парменион кој не можел да ги совлада, Александар се откажал од гонидбата и тргнал да му помогне на Парменион.













Битката помеѓу Алексаднар и Дариј (The battle between Alexander and Darius) West Flanders; c. 1325-1335












Alexandre le Grand, vainqueur de Darius à la bataille d'Arbelles; Courtois Jacques (1621-1676), Le Bourguignon (dit); Versailles, châteaux de Versailles et de Trianon










The Battle of Arbela; Charles Le Brun

Откако Александар и Македонците ги победиле пет пати побројните Персијци, ги бркале цели 35 милји сè до Арабела, но сепак не успеале да го фатат Дариј кој побегнал во Медија. Оваа битка ја означила пропаста на Персиската империја.

Александар Велики - Египет

Освојувањето на Египет

Во ноември 332 година пне, Александар пристигнал во Египет. Наместо со борба жителите го пречекале со поздрави и со веселба. Откако персискиот сатрап се предал, Александар веднаш бил прифатен како нов владетел. По ова тој отишол во Мемфис каде што принел жртва на светиот бик Апис, а веднаш потоа бил крунисан со двојната фараонска круна.

Целата зима, Александар ја поминал во Египет. За одржување на редот, тој вработил египетски гувернери, со посебна војска независна од македонската. Уште на почетокот Александар имал намера таму да изгради густо населен град. За таа цел го вработил Дејнократ, архитект од Родос. Овој град, како и седумдесетина други, кралот го нарекол според неговото име, Александрија. Освен Александрија бил направен нацрт и за изградба на островскиот град Фарос.

Веднаш по ова Александар тргнал кон храмот на богот Амон Ра. Патот бил многу тешко прооден поради тоа што минувал низ пустината, но со многу среќа и напори тој сепак успешно пристигнал. Таму го пречекал главниот свештеник при што му рекол дека е тој син божји и дека смртта на Филип е целосно одмаздена. Кога Александар го чул ова му принел жртва на Амон и тргнал кон Тир. Иако Александар го прашал свештеникот и за тоа каков ќе биде успехот од воениот поход, сепак никому не му го кажал одговорот на ова прашање.

Александар III Македонски и Амон Ра, свет храм на Амон Мут и Конс, Луксор, Египет (период на Птолемаидите)

Во пролетта 331 година пне, Александар се вратил во Тир каде што поставил македонски сатрап на Сирија, а исто така и се подготвил за напредување во Месопотамија. Со походот во Египет тој го освоил целиот источен медитерански брег.

Александар Велики - Медитеран

Освојувањата на Медитеранското крајбрежје

Од Ис Александар и македонската војска се упатиле кон Сирија и Феникија. Кралевите од Кипар без борба ја предале власта на Александар. За кратко време тоа се случило и со древната Феникија. Во тоа време Дариј пратил писмо во кое барал примирје со Македонците, на што Александар одговорил арогантно.

Во меѓувреме, во зимата 333-332 година пне, Персијците превзеле противнапад освојувајќи повеќе градови и острови во Мала Азија. Откако ги освоил Библос и Сидон, Александар стигнал до островскиот град Тир. Луѓето од овој град пружиле силен отпор така што војската на Александар таму останале цели седум месеци. Додека сè уште се воделе битки во Тир, Дариј пратил второ писмо во кое му понудил на Александар сума од 10 000 таланти за откупнина на заробениците, под негова власт да остане целата земја до Еуфрат, како и да се ожени со една од неговите ќерки. Кога Парменион бил запрашан што мисли за ова тој рекол дека кога би бил Александар би прифатил, на што Александар рекол дека и тој би го сторил истото кога би бил Парменион. Тогаш на Дариј му порачал дека срдечно ќе го пречека ако се предаде, а во спротивно веднаш ќе го нападне. Поради добриот однос кон неговото семејство Дариј го засакал Александар и доколку не можел тој да владее сакал барем Александар да биде господар на Персија.

На крајот на опсадата на Тир, Александар заповедал војската да се одмори, а само еден мал дел да ги продолжи нападите. За тоа време Аристандар принесол жртва. Потоа бил нареден напад, но не само еден дел од војската, туку и војниците што биле во логорите го нападнале Тир, при што целосно бил освоен уште во истиот ден. Тоа се случило во јули 332 година пне.

По освојувањето на Тир, Александар се упатил кон Сирија и цела ја освоил без борба, освен градот Газа, најголемиот град кој таму се наоѓал. При војувањето на Александар му било повредено рамото. Како и во Тир и овде македонската војска се соочила со голем отпор, но за два месеци опсада градот бил завземен.

Еден ден пријателите на Александар му донеле некое ковчеже за кое верувале дека е најскапоцениот предмет од целото Дариево запленето богатство. Откако размислил што да стави во него, Александар решил таму да ја чува "Илијада" која постојано ја носел со себе.

Александар Велики - Ис

Битката кај Ис

Додека Александар, бил во Киликија, Дариј испланирал нов напад за да ја разбие и да ја скрши македонската војска. Долгиот престој на Александар во Киликија, Дариј го сметал за кукавичлак, а толкувањата на гаталците за неговите сништа, уште повеќе го охрабрувале.

Дариј располагал со војска од 600 000 луѓе, а меѓу нив се наоѓал и некој Македонец по име Аминта. Знаејќи го начинот на војување на Македонците, тој го предупредил Дариј да не оди да го бара Александар затоа што Александар ќе дојде да го бара него. Дариј не го послушал и се симнал од рамнината во клисурите. Кога слушнал дека Дариј се наоѓа кај Ис, Александар тргнал по него, но се разминале, така што Александар се нашол на пространата рамнина, а Дариј долу во клисурите.

Во есента 333 година пне, Александар ја нападнал персиската војска на чело со Дариј. Големата персиска војска не можејќи да маневририра била немоќна. Александар кој се борел во првите редови бил ранет во бедрата. Тој не дозволил да биде опколен, туку со десното крило од својата армија, го опколил нивното лево крило и Персијците за кратко време биле поразени. Дариј уплашен за својот живот побегнал, оставувајќи го дури и своето семејство и богатството во рацете на Александар.















Alexander the Great fighting the Persian king Darius III in the battle of Issus 333 BC. (Detail); mosaic from from the House of the Faun, Pompeii, Naples; Naples National Archaeological Museum.

Македонскиот крал добро се однесувал кон семејството на Дариј, а и кон сите, така што тие не само што не се чувствувале како заробеници, ами и нивните права пораснале.

Александар Велики - Мала Азија

Освојувањата во Мала Азија

Во зимата 334-333 година пне, Александар го продолжил освојувањето на јужниот дел од Мала Азија, освојувајќи ги градовите Ликија и Писидија. Во пролетта 333 година пне, го продолжил походот кон исток, движејќи се по патот за Перга и минувајки преку планината Климакс. Тој бил решен да го покори целото Малоазиско крајбрежје сè до Киликија, да се префрли на источниот дел од Арапскиот полуостров и да ја освои Феникија. Неговото преминување и освојување на Памфилија, многу историчари го искористиле за вметнување на фантастични приказни.

Од Памфилија, Александар со својата војска тргнал кон север, каде што ја освоил Фригија, а потоа и градот Гордион. Овој град, според легендите бил престолнина на кралот Мида кој што сè што ќе допрел го претворал во злато. Во тоа време Гордион бил најпознат по Гордиевиот јазол. Еден ден додека Александар се одмарал во својот шатор, дошол гласник и му кажал дека во градот постои јазол кој што досега никој не го одврзал, а според верувањата, оној кој што тоа ќе го стори - ќе го освои светот. Александар, израдуван од можноста која што му се нуди, веднаш отишол на тоа место. Откако добро го разгледал јазолот, го извлекол мечот и отсекол еден дел од него при што се појавиле повеќе краеви. Убеден во вистинитоста пророштвото Александар решил да го продолжи походот.

Во тоа време на Александар му стигнал абер дека умрел Мемнон, храбар командант на елинските платеници во морнарицата на Дариј. Од Гордион, Александар и македонската армија походот го продолжиле кон Анкира (денешна Анкара), потоа ја покориле Пафлагонија и Кападокија и тргнале кон југ и ја освоиле и Килилија.
















Alexandre le Grand sauvé de la rivière Cydne; Testa Pietro (1611-1650), il Lucchesino (dit); Etats-Unis, New-York, The Metropolitan Museum of Art

Alexandre Le Grand retiré des eaux du Cydnus; Leyniers Jan (17e siècle); Roumanie, Bucarest, musée national d'Art

Болест го задржала Александар во Киликија подолго време. Болеста веројатно била причинета од големиот замор или пак од настинка, бидејки се капел во студените води на реката Кидно. Ниеден лекар не се осудил да го лекува, плашејќи се од судбината што може да го снајде ако не успее да го излечи. Подоцна некој лекар на име Филип му подготвил лек од кој Александар за кратко време оздравел и го продолжил походот.

Александар Велики - поход

Почетокот на походот кон Азија

Во пролетта 334 година пне, Александар ги преминал Дарданелите, со што го започнал навлегувањето во Азија. Како свој намесник во Европа, Александар го оставил Антипатер, со војска од над 13 000 луѓе.

Александровата војска пак броела 30 000 војници пешадија и 5 000 коњаници. Втор заповедник на војската по Александар бил Парменион. Бидејки во кралската каса немало доволно пари, Александар на некои од војниците им давал земја, на некои приходите од населбите, а на други пак пристаништата. Кога Александар ги раздал скоро сите кралски имоти, Пердика (македонски генерал) го запрашал што ќе остави за себе. Тогаш кралот Александар рекол дека за себе ги остава надежите, на што Пердика рекол дека тие надежи ќе мора да ги дели со оние со кои што тргнал во поход и го одбил имотот. По примерот на Пердика постапиле и неколку други војници на што Александар не се противел, но на оние кои што барале подароци, тој од срце им давал. Кога пристигнале во старата Троја, Александар им принел жртви на паднатите борци, а и на Ахил, чијшто штит го понел со себе.














Alexandre visitant le tombeau d'Achille; Guglielmi Gregorio (1714-1773); Paris, musée du Louvre, D.A.G.
















Alexandre au tombeau d'Achille; Blanchet Thomas (1614/1617-1689); Paris, musée du Louvre

Alexandre au tombeau d'Achille; Lecomte du Noüy Jean Jules Antoine (1842-1923), Vizzavona François Antoine (1876-1961); Paris, agence photo RMN, fonds Druet-Vizzavona

Додека Александар бил во Троја, Персијците на чело со Дариј испланирале напад како да го пресретнат на реката Граник (денешен Кочабаш). Многу Македонци уплашени од длабочините на реката му велеле на Александар да се врати назад, но тој не ги послушал. Во битката која се одиграла кај Граник во мај/јуни 334 година пне, Александар се соочил со персиската армија водена од тројца сатрапи. Планот на Персијците за малку не успеал и Александар едвај спасил жива глава. Тој со помош на "Мрачниот" Клито, заповедник на пешадијата, успеал да се спаси. Персијците, спротивно од очекувањата, не дале силен отпор, туку се разбегале. Само една мала група персиски војници, се качиле на едно ритче од каде што барале да се предадат, но Александар да им вети дека ќе ги поштеди. Александар воден од својот бес не ја послушал нивната молба, туку почнал да се бие со нив при што, му го убиле коњот. Тој коњ не бил Букефал, ами некој друг.












Le passage du Granique; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre

Кога завршила битката од страната на поразените Персијци, загинати имало 20 000 пешадија и 2 500 коњаници. Оние кои биле заробени, 2 000, биле испратени во Македонија оковани во синџири. Македонската војска пак имала само 34 загинати.

По оваа голема победа на Александар и македонската војска, движејќи се од север кон југ, речиси без битка, покорени биле многу приморски градови, вклучувајќи го таму и градот Сард. Само Милет и Халикарнас во Карија се спротивставиле. Александар не сакал да се бори на море, па затоа ја распуштил својата морнарица и изјавил дека на копно ќе ги победи персиските бродови. Милет бил охрабруван од персиската власт, но и покрај тоа Александар за кратко време и само со копнена војска го освоил. Истото го снашло и Халикарнас. Тамошниот сатрап Пиксодар бил избркан, а неговата сестра Ада, го посинила Александар, со што била наметната македонската власт. Таа многу го засакала и често му праќала разни јадења, но како што Леонид го научил, Александар не уживал многу во јадењето. Леонид дури и му ги претресувал плакарите поради ова.

Откако ги освоил овие градови, Александар се замислил дали да го нападне Дариј, но потоа решил да продолжи со освојувањето на крајбрежните градови и да се извежба во техниката на војувањето.

Александар Велики - власт

Придобивање на власта

Во 340 година пне, Александар за првпат учествувал во битка. Додека неговиот татко Филип се борел против Тракијците кај Византиум, Александар останал во Македонија за да го заменува на престолот и за да го чува кралскиот жиг. Иако шеснаесетгодишен, Александар ефективно ги покорил Мејаните кои се побуниле и на тоа место формирал мешана населба на која и го дал името Александропол. Во 338 година пне заедно со својот татко, Александар учествувал и во битката против Елините кај градот Херонеја. Во таа битка Македонците победиле, а на Елините по поразот им била укината политичката независност.

Македонците често го нарекувале Александар свој крал, а Филип врховен заповедник. Филип на ова воопшто не се лутел, ами напротив тоа придонесло тој уште повеќе да го засака својот син. Сепак нередите во кралскиот дворец како последица на женачките на Филип причиниле многу остри кавги и расправии. Овие кавги лукаво ги искористила мајката на Александар - Олимпија, а нив најмногу ги поттикнал Атал. На свадбата меѓу Филип и Клеопатра, Атал поднапиен почнал да бара Македонците да им се молат на боговите Клеопатра да им роди вистински престолонаследник и иден крал на Македонија. Кога Александар го слушнал ова многу се налутил, го запрашал зарем тој е копиле, и го фрлил својот пехар кон Атал. На ова Филип рипнал и го извлекол мечот за да се бие со сина си, но за среќа мечот му се лизнал, а тој се сопнал. На оваа глетка Александар му се исмеал на Филип бидејќи се токмел од Европа да премине во Азија, а не можел да стигне од едно столче до друго, без притоа да не падне. По оваа пијана расправија Олимпија заминала во родниот Епир, а Александар отишол во Илирија.

Откако поминало некое време и откако Филип се покајал тој отишол кај Демарат, нивен куќен пријател и го замолил да отиде во Илирија за да го убеди Александар да се врати. Демарат успеал во тоа и Александар навистина се вратил. Во годината 336 пне Филип бил убиен. Тој наговорен од Клеопатра и нејзиниот вујко Атал, го навредил Павсаниј, а овој неможејќи да најде правда за себе го извлекол мечот и го убил македонскиот крал. Во тоа време вината најмногу паднала на Олимпија. Се зборувало дека таа го убедила Павсаниј, а се зборувало дека и Александар имал учество во тој грозен настан. Под обвинение дека била во заднината на убиството била егзекутирана принцезата од Линкестида.

Александар во истата година со подршката од македонската војска и со неполни дваесет години успеал да ја придобие власта. Во тоа не го спречиле ниту матните игри на многумина негови противници, а ниту пак обидите на незаконските деца на Филип. Младиот Александар бил доволно мудар да седне на престолот на Македонија.

Уште во првите денови од своето владеење, Александар тргнал кон југ, кон Коринт. По пат тој ја вратил Тесалија под македонска власт, а на собранието на Елинската лига во Коринт бил прогласен за водач на идната инвазија на Азија, која што била иницирана и одамна планирана од неговиот татко Филип. Тој таму се запознал со многу видни луѓе, а го видел и Диоген кој што многу го ценел. Кога застанал пред него го запрашал дали нешто може да стори за него, а овој му одговорил дека може, а тоа е да му се тргне од сонцето. Кога пријателите почнале да се шегуваат на негова сметка, Александар рекол дека кога не би бил Александар би бил Диоген, воодушевувајќи се на неговата духовна големина.





















Diogène et Alexandre : Diogène est assis dans un tonneau; Gimignani Giacinto (1611-1681); Paris, musée du Louvre, D.A.G.













Diogène et Alexandre; Pupini Biagio (1511-1575), dalle Lame (dit); Paris, musée du Louvre, D.A.G.


















Alexandre et Diogène; Gamelin Jacques (1738-1803); Carcassonne, musée des Beaux-Arts















Alexandre et Diogène; Sallaert Antoine (vers 1590-vers 1657/1658); Rennes, musée des Beaux-Arts
















Alexandre et Diogène; Molinari Antonio (1655-1704); Paris, musée du Louvre, D.A.G.



























The meeting of Alexander the Great and Diogenes;Pierre Puget; 1671-1689; Louvre museum, Paris, France.

Alexandre et Diogène; Anonyme; Dijon, musée Magnin

Враќајќи се назад кон Македонија Александар бил и на најславното пророчиште Делфи. Откако никој не сакал да му пророкува оти бил празник, Александар почнал насила да влече до храмот една питијска свештеничка која на таа извикала дека е несовладлив. По овие зборови од свештеничката Александар се успокоил и задоволен од одговорот, дури и нечекајќи пророштво ја оставил свештеничката на мира. Иако од Македонците кои биле уплашени, Александар бил советуван со благост да се однесува кон покорените народи и на тој начин да се обиде да си ја зачува својата позиција, тој сепак мислел дека само со јуначки битки може да опстои на власта.

Откако ја освоил Тракија во пролетта 335 година пне, Александар со македонската војска тргнал кон север, сè до местото каде што се спојуваат реките Западна и Северна Морава, и таму ја задушил буната на тракискиот народ Трибалијци и нивниот крал Сирм. Потоа Александар го минал и Дунав за да ги покори Гетите. Свртувајќи го својот поход кон запад, Александар ја покорил и Илирската коалиција која што ја нападнала Македонија.

Подоцна и Тебанците наслушувајки ја лажната вест за смртта на Александар и подржани од Елинската коалиција, а особено од Атињаните, се побуниле против македонската власт. Кога за ова слушнал Александар со својата војска, од Пелион, (Денешна Корча) Илирија, тргнал кон Теба која што била оддалечена 240 милји и за четиринаесет дена стигнал таму. Откако го одбиле ултиматумот, Александар веднаш ги нападнал. Тебанците соочени со многу посилната македонска војска за кратко време биле поразени. Загинале 6 000 луѓе, 30 000 биле продадени како робови, а потоа и Теба била срамнета со земјата.

Атињаните, а и околните градови држави многу се уплашиле од клетата судба што ја снашла Теба и си останале мирни. Сепак македонски гарнизони биле поставени во Коринт, Калкис и Кадмеа.

Алексанадар пак, како што некои велеле, многу се покајал за тоа што премногу ги казнил Тебанците и многупати се разжалостувал. На оние Тебанци кои што останале тој им ги исполнувал сите желби, и им простувал за сè и сешто. Бидејќи Теба била родно место на Дионис, Александар своите неуспеси, а и плашливоста на македонските војници во Индија, им ја препишувал на одмаздата Дионисова.

Александар Велики - едукација

Едукација

Образованието на Александар, Филип им го доверил на цела плејада учени луѓе на чело со Леонид. Од него, Александар научил да биде штедлив, умерен и физички издржлив. Од сериозните постапки на Александар и неговиот непопустлив карактер, Филип увидел дека кај сина си може повеќе да влијае со совети и молби отколку со наредби.

Иако тој на Александар му овозможил да учи од најучените луѓе во тоа време, тој сепак ним никогаш целосно не им го отстапувал неговото образование. Кога Александар наполнил тринаесет години, Филип го довел Аристотел, најголемиот и најславен мислител и филозоф на стариот век. За подучувањето на Александар, Филип му дал на Аристотел голема награда и повторно ја изградил Стагира – градот кој што самиот го разурнал, а од каде што потекнувал Аристотел. Цели три години, од тринаесетата до шестнаесетата година, Александар бил подучуван од прочуениот филозоф. Аристотел го учел Александар: етика, политика, медицина и литература.
























Aristote fait observer à Alexandre l'illustre exemple d'Hercule; Sustris Frederik (vers 1540-1599); Paris, musée du Louvre, D.A.G.

Александар по природа го сакал читањето, а Хомеровите книги: "Илијада" и "Одисеја", му биле омилени книги. Тој "Илијада" ја опишувал како патоказ на воената храброст. Откако увидел дека многу ја сака, Аристотел дури и му го дал своето издание на таа книга. Легендата вели дека Александар секогаш спиел со таа копија од книгата, која се наоѓала веднаш до камата, под неговата перница.

Уште на самиот почеток Александар многу го засакал својот учител Аристотел, па дури и велел дека на Филип му го должи животот, но дека Аристотел е заслужен за неговиот поубав живот. Подоцна Александар го напуштил аристотеловото егоцентристичко мислење, се одалечил од својот учител и заедно со татка си почнал да ги учи техниките на војувањето. Тој уште тогаш ги покажал своите желби за војување и освојување, и честопати велел дека ако татко му продолжи со воените походи за него нема да остане да освои ниту едно значајно место.

Всушност Александар имал само двајца вистински учители. Едниот бил Аристотел, а другиот неговиот татко Филип.

Александар Велики - младост

Младост

Александар уште како мал бил многу одговорен и свесен за обврските како иден крал на Македонците. Тој за разлика од многу свои врсници не ги ценел парите премногу, ами славата и духовното богатство. Него уште го краселе и чесноста и достоинството, како и неговата умерена скромност, што го спречувала да се фали за своите дела насекаде како татко му Филип. И покрај тоа што имал огромна страст за разни работи, тој сепак во телесните уживања влегувал многу трезвено и умерено.

Телесно Александар бил добро граден, со широки гради и исправено држење на телото. Најкарактеристичен бил неговиот копнежлив поглед, за кој што најмногу дознаваме од делата на скулпторот Лисип од Сикион. Лисип го имал ексклузивното право да ги прави скулптури на Александар. Неговите скулптури биле толку реалистични, што Александар сакал само тој да му ги ваја портретите. Освен што го погодил лицето, Лисип успеал и точно да го прикаже неговиот врат кој што бил леко настранет кон лево.

Сликите на Александар пак ги правел Апеле, сликар родум од Колофон, Јонија. Апеле често го сликал Александар со молња во рацете што одавало впечаток на моќ, но не бил добар со боите и го правел премногу мрачен. Александар пак имал бел тен на кожата. Неговото белило преминувало во руменило, единствено во пределот околу градите и на лицето.






Alexandre, Campaspe et Apelle; Langlois Jérôme-Martin (1779-1838); Dijon, musée Magnin






Apelle et Campaspe; David Jacques Louis (1748-1825); Lille, Palais des Beaux-Arts




Alexander Ceding Campaspe to Apelles (1819) од Jérôme-Martin Langlois

Еднаш кога Филип не бил дома, Александар ги примил пратениците на персискиот крал. Тој брзо се спријателил со нив и ја освоил нивната почит и благонаклоност со тоа што прашувал за сериозни работи. Пратениците биле зачудени од ова дете кое дури ја бришело од нивните мисли и сета слава на големиот македонски крал Филип.

Еден ден, некој трговец од Тесалија по име Филоник, му понудил на Филип да го купи коњот Букефал за тринаесет таланти. Откако неколку македонски војници не успеале да го јавнат коњот оти бил многу див и разјарен, Филип заклучил дека тој е неупотреблив.

За сето тоа време Александар, внимателно ги следел неуспешните обиди на војниците и откако Филип одбил да го купи коњот, Александар почнал да протестира и да го напаѓа затоа што не сака да купи одличен коњ само затоа што не знае да го јавне. На ова Филип се разгневнил и почнал да го укорува младото момче затоа што на постари луѓе им замерува небаре тој повеќе знае од нив. На ова Александар одговорил дека знае и го замолил татка си да му дозволи и тој да проба да го јавне коњот. Откако Филип се согласил, Александар му се приближил на Букефал, го свртел кон сонцето, најверојатно затоа што увидел дека коњот се плаши од својата сенка која му паѓала пред очите, и без никакви проблеми го јавнал. Додека Александар го јавал Букефал околу кралскиот дворец, на Филип и на останатите од кралската придружба од страв им се смрзнувала крвта во вените.

Alexandre domptant Bucéphale; Gros Antoine-Jean, Baron (1771-1835); Paris, musée du Louvre, D.A.G.

Овој настан му покажал на Филип дека воопшто не треба да се грижи за свој наследник на престолот на Македонија. Според некои извори Филип заплакал од радост и откако Александар се вратил тој го помилувал и му рекол дека кралството што тој ќе му го остави е премало за неговата големина.

Кога во престолнината ќе пристигнела вест дека Филип освоил некое место, Александар тоа не го примал ниту со најмало воодушевување, ами бил тажен. Тој не се стремел кон хедонистички уживања, богатство и раскош, туку кон слава и јунаштво и мислел дека колку повеќе ќе наследи од својот татко толку помалку ќе постигне во својот живот.

Александар Велики - раѓање

Раѓањето на Александар

Александар III Македонски е роден на дваесетиот ден од месецот јули или според тогашниот календар на шестиот ден од месецот хекатом беом, што Македонците го викале лоос.

Истиот тој ден, во Ефес, лудак го запалил Артемидиниот храм. Не случајно историчарот Хегесиј рекол дека храмот морал да изгори затоа што Артемида не била таму бидејки бабувала на Александровото раѓање. Подоцна по наредба на Александар храмот повторно бил изграден, и тоа толку убаво поради што бил вброен во едно од седумте светски чуда на античкиот свет.

Маговите, кои тој ден биле во Ефес, пророкувале нова несреќа на Азија, велејќи дека тој ден родил проклетство и голема несреќа. Нивното пророштво подоцна навистина се остварило со тоа што Александар покорил голем дел од Азија и станал нивен владетел.
На Филип, кој што во тоа време ја освоил Потидеја, коринтска населба на полуостровот Халкидики, му пристигнале три вести. Првата вест била дека неговиот војсководач Парменион ги победил Илирите во крвава битка; Втората дека неговиот коњ победил на трката што се одржала во Олимпија; А третата дека му се родил син, Александар. На Филип сите овие вести му причинувале задоволство и голема среќа, а со тоа што гаталците му пророкувале дека штом Александар се родил со три победи тој ќе биде непобедлив, тој особено се радувал.


lista

Risultati immagini per le persone sono come la musica alcune sono pura






Video Jukebox

BA

BA
BA

JAP




ruka ruci

ruka ruci

Featured Post

GRAMMATICA lezioni di Giuseppe Patota

GRAMMATICA lezioni di Giuseppe Patota 4:15 ...

BUCANEVE

BUCANEVE